Малезија против Западот: бараат азиска валута, и за соборување на авионот без докази се обвинува Русија

0

Малезискиот премиер др.Махатхир бин Мохаммед за време на службената посета на Јапан ги повикал азиските земји на воспоставување на единствена валута за надворешна трговија која би била поврзана со вредноста на златото, а не доларот. Со тоа би се спречиле манипулациите на надворешните шпекуланти кои ја поткопуваат стабилноста на тамошните економии.

За внатрешната трговија и платежниот промет и понатаму би се користела домашната валута. Махатхир бин Мохаммед смета дека светскиот поредок се урива и дека е потребно да се воспостави соработка на темелите на законот и правилата, а не на силата. Јасно е дека во првите редови мислел на постапките на САД. Ама тој тука не застанал.

Веќе во петокот, 31. мај малезискиот премиер од Токио се нафрлил на истражната комисија која го истражува уривањето на малезискиот патнички авион, лет МН17 над Украин во 2014 година. Авионот леташе од Амстердам кон Куала Лумпур, а во несреќата загинаа 298 патници и членови на екипажот.

Махатхир бин Мохаммед истражителите ги обвини за политизација на истрагата, изјавувајќи го следното: “ Тие ја обвинуваат Русија, ама каде се доказите?“„Ние знаеме дека ракета гоурна авионот и дека беше од руски тип, ама таа исто така можеше да биде произведена и во Украина“, изјавил Мохаммед на конференцијата за печат во Токио, додавајќи дека и Малезија исто така има таква ракета.

Тој исто така истакнал декаи Малезија мора да учествува во истрагата и прегледите на “црните кутии“, ама „заради некои причини“, тоа не и е дозволено. “Ние не знаеме зошто не одстранија од истрагата. Ама од самиот почеток ние во тоа гледаме премногу политика. Идејата беше навистина да се појасни што навистина се случило, ама по се изгледа се насочија  на тоа вината да ја префрлат на Русија“, заклучил малезискиот премиер во Токио.

Потсетуваме: малезискиот биоинг-7777, лет МН17, полета на 17.јули 2014 година, од Амстердам кон главниот малезиски град, а соборен беше над источна Украина, во близина на Доњецк, во зоната на воени конфликти. Истрагата се спроведува во Холандија од страна на мешународна група на истражители под Холандско раководство. Истражителите тврдат дека авионот бил соборен со ракета од составот“ Бук“, кого на (проруските бунтовници) им бил доставен од Русија, а после настанот бил вратен назад во Русија.

Самата Русија тврди дека станува збор за непрофесионална истрага која своите заклучоци ги темели на исклучиво информации добиени од страна на Украина, додека руските стручњаци наводно поседуваат јасни докази дека авионот бил урнат на територија која била под контрола на украинските сили, ама дека руските информации истражителите ги игнорирале“. Освен тоа руската страна укажува и на фактот дека Украина не го стопирала цивилниот воздушен сообраќај над зоната на интензивно воено делување, а дека таму се водело војна знаел целиот свет, па и чудно е што цивилниот авион летал тикму по таа рута. Рускиот претседател Владимир Путин изјавил дека Русија ќе ги прифати резултатите од истрагата доколку и таа учествува во неа.