Како и секоја година, после завршувањето на рамазанските пости, Кичевчани, како во претходните така и оваа година ја продолжуваат традицијата на оддржување на познатиот Бајрамски концерт, каде како и секоја година, учество земаат голем број на представници и членови на хорови, хафизи, и имами од Балканот и пошироко, кои преку своите итерпретации илахија и касиди, како и проучување на Кур`ан и Хадис, укажуваат на важноста на овој исламски празник, исто така и на важноста на изминатите денови на мубарек месец Рамазан.

Ова година како гости и учесници се издвоија : хор “Стамбол“ – Нови Пазар, хафиз Даут Елези – Призрен од Косово, еф. Наиљ Скендери – Призрен од Косово.

На покана на организаторите на овој традиционален концерт, и дел од екипата на Дубаи Портал, имаше можност да учествува на овогодинешниот концерт кој се оддржа во просториите на домот на културата “Кочо Рацин“ на 05.06.2019. 20.00 година.

Во продолжение на оваа информација Ви го прикажуваме во целост оддржаниот концерт, забележан од страна на представниците на Дубаи Портал.

Притоа, би сакале да уште еднаш да им се заблагодариме на организаторите на овој традиционален концерт, што ни ја укажаа таа чест и ние да бидеме дел од оваа традиција на Кичевчани, и истиот преку нашиот медиум, прикажеме на пошироката јавност.

НАПОМЕНА: Сликите се со намален квалитет

[envira-gallery id=”133325″]