Ноќеска регистрирани два земјотреса во Охридско-струшкиот регион

0

Два земјотреса ноќеска биле регистрирани во Охридско – струшкиот регион, соопшти скопската опсерваторија на Телеметриската сеизмолошка мрежа на РСМ. Епицентарот на двата земјотреса бил во Охридското Езеро.

Првиот земјотрес е почувствуван во 2.10 часот, на 4 километри од Охрид, а вториот земјотрес на 9 километри од струшкото село Мислешево. Првиот земјотресот бил со магнитуда од 2,5 степени, а вториот земјотрес со јачина од 2 степени.

Извор:РСЕ