За време на операцијата запленето е и големо количество муниција, оружје и експлозив.

(Дубаи – Портал) – Турското Министерство за одбрана денеска соопшти дека во рамките на операцијата „Канџа“ уништени се пештери и засолништа коишто ги користела терористичката организација ПКК за производство на импровизирани експлозивни направи, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Пештерите и засолништата, за кои беше утврдено дека се користат од страна на терористичката организација ПКК како производствена локација за импровизирани експлозивни направи, беа уништени во успешната операција „Канџа“ во подрачјето на Хакурк, во северен Ирак“, се вели во соопштението на Министерството.

За време на операцијата запленето е и големо количество муниција, оружје и експлозив.

Од 27 мај, во операцијата „Канџа“ на Турските вооружени сили против терористичката ПКК во северен Ирак неутрализирани се вкупно 43 терористи.

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.

Mahir Demişoski