Продолжува вандализмот на спортските објекти во Лабуништа

0
Фото фејсбук: Абдулрахман Ахмеди

Според информациите доставени до редакцијата на Дубаи Портал, во текот на денешниот ден забележано е оштетување на дел од инфраструктурата на спортскиот стадион на населба Лабуништа, позната како Калишта.

Според испратените фотографии, станува збор за оштетување на инсталацијата (електрична табла ) за напојување и регулација на електричното осветелување, како и дел од другите елементи на на овој стадион (стативи)..

Огорчени од ваквите вандалски постапки, жителите на оваа населба бараат надлежните полициски органи веднаш да превземат соодветни мерки за откривање на сторителот на овој вандалски чин. Притоа потсетуваме дека слична материјална штета пред неколку денови беше направена и на ново изградената спортска сала на ова населба, каде беа оштетени делови од внатрешниот ентериер на овој спортски објект.