(Дубаи – Портал) – Турција по повод неповолниот однос на кој беше изложена Турската фудбалска репрезентација и достави нота на Исланд.

Тешкотиите и неповолниот однос на кој беше изложена турската фудбалска репрезентација на аеродромот Лефлавик по пристигнувањето во Исланд беа причина за нотата која што Турција и ја достави на оваа земја.

Нотата беше доставена на амбасадата на Исланд во Осло како надлежен и акредитиран орган на Исланд, бидејќи двете земји немаа меѓусебни регулирани дипломатски претставништва.

Во меѓувреме министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу ќе оствари телефонскиот разговор со исландскиот колега.

Mahir Demişoski