(Дубаи – Портал) – Во реализиран напад од страна на терористите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ од подрачјето на градчето Тел Рифат врз воена база во подрачјето на операцијата Маслиново гранче во Африн во северниот дел на Сирија, загина еден турски војник.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека во нападот на терористите со противтенковски проектил беа ранети 6 мина турски војници од кои еден и покрај сите напори на лекарите им подлегна на раните и го загуби животот.

Лекувањето на останатите ранети турски војници продолжува.

По нападот, Турските вооружени сили (ТВС) жестоко ги гаѓаа со артилериски оган позициите на терористите во Азез.

Mahir Demişoski