(Дубаи – Портал) – Словенската полиција во петокот, за време на рутинската сообраќајна контрола на автопатот во Прекмурје, во североисточниот дел на земјата, во комбе на двајца странски државјани пронајде и заплени 1,5 милиони евра.

Странците, чие државјанство не е познато за јавноста, не можеа да го објаснат изворот на парите, па полицијата го конфискуваше.

Според царинските регулативи на ЕУ, патниците кои патуваат до или од ЕУ во трети земји мора доколку имаат готовината над 10.000 евра, мораат да ја пријават,а во овој случај странските државјани не го сториле тоа..

Според документот од Марибор, банкнотите биле спакувани во картонски кутии во комбето, а полицијата, по оваа прилика, бидејќи готовината била многу повеќе од вообичаените незаконски количества во слични случаи, морала да позајми од локалната банка автоматска машина за броење на пари.

Mahir Demişoski