(Дубаи – Портал) – Утворово е уапсен државниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација, Јахи Јахија, говорат неофицијални извори од истрагата.

Тој, според првичните информации, е уапсен поради земање провизија за тендер. Случајот е за делото злоупотреба на службената положба, а го води обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, на чело со обвинителката Вилма Русковска, од каде за кратко време најавуваат официјално соопштение.

Јахија е од редовите на ДУИ, а на функцијата се наоѓа од 2011 година.

Mahir Demişoski