(Дубаи – Портал) – Во градот Солун во Грција денеска утрово се запалени автомобилите на двајца турски државјани, еден бил дипломат и една жена која работела во една меѓународна организација во градот.

Според добиени информации од дипломатски извори, денеска во утринските часови од страна на неидентификувани лица биле запалени две паркирани возила во одделни делови на Солун.

Насјпрвин бил запален автомобилот со дипломатски регистарски таблички во сопственост на аташето за трговија на Турција во Солун Серкан Бурали, пред неговата куќа во центарот на градот.

Кусо време потоа, на оддалеченост од околу 1 километар со поливање бензин бил запален и автомобилот на една жена, државјанка на Турција, која работела во една меѓународна организација во Солун.

Подметнатите пожари и во двете возила биле изгаснати со интервенција на пожарникарната служба, меѓутоа возилата биле доведени во неупотреблива состојба. Од пожарот биле оштетени и голем број возила кои што се наоѓале наоколу.

За среќа и во двата случаи немало повредени.

Како што се истакнува грчката полиција започнала истрага во врска со двата случаи на подметнување пожар.

Mahir Demişoski