Победи екологијата: Новитет на аеродромите во Дубаи

0

Од 2020 година на сите аеродроми во Дубаи ќе биде забрането користење на пластиката за еднократна употреба, пластични кеси, сламки и прибор за јадење.

“Нашите аеродроми користат околу 90 милиони луѓе годишно и ние сме убедени дека можеме да направиме видлива разлика со отстранување на пластика за еднократна употреба.

Денес, се обврзуваме да работиме со сите наши концесиски и угостителски партнери за да ја постигнеме оваа цел “, порачаа од компанијата која управува со аеродромите во Дубаи.

Инаку, според официјалните податоци, аеродромите во Дубаи рециклираат повеќе од 43.000 тони хартија, стакло и друг отпад годишно. Во изминатите шест месеци собрани се и депонирани 16 тони пластични шишиња и капачиња.

Мини-експеримент беше спроведен на Денот на планетата Земја на аеродромите во Дубаи – угостителските објекти не издавале сламки со купените пијалоци.

Резултатот бил неверојатен; дури и 150.000 сламчиња биле испорачани помалку во еден ден отколку претходно, и ако истите бидат распоредени едно до друго, би се направил “30-километарски пластичен пат”!