Фото:Анадолија

Во њујоршкиот кварт Менхетен хеликоптер се падна на зграда, пренесува Anadolu Agency (AA).

Како што јавува Еј-би-си (ABC), загинало најмалку едно лице. До несреќата дошло како резултат на дождливото и лошото време, во 14 часот по локално време.

Хеликоптерот удри во покривот на зграда на 7. авенија, а по несреќата дошло до пожар поради што целата зграда е евакуирана. Евакуирани се неколку околни згради.

 

Уште не се знае кое е загинатото лице, но се знае дека е лице од хеликоптерот. Настанот засега се води како несреќа, нема никакви индиции дека станува збор за терористички чин.

Жителите се повикани да го избегнуваат подрачјето помеѓу 51. улица и 7. авенија поради доаѓањето на полициските, противпожарните и возилата на итната медицинска помош.

Уште не се знае што точно се случило. Но, според некои информации, пилотот по дефектот намерно целел на зградата за да не падне на улицата полна со луѓе и возила.