Турското МНР остро ги осуди американските напади на турската надворешна политика

0

Турското Министерство за надворешни работи денес го осуди потегот на представничкиот дом на американскиот Конгрес, кој синоќа ја усвои резолуцијата “За загриженоста околу сојузот на САД и Турција”. Позицијата на горниот дом на Конгресот на САД е контрадикторна со долгите пријателски и сојузнички врски меѓу Анкара и Вашингтон, се вели во соопштението на турското Министерство. Забележано е дека текстот на резолуцијата содржи “неосновани и неприфатливи напади врз надворешната политика и судскиот систем на Турција”.

“Турција изјавуваше дека најдобриот начин за решавање на несогласувањата меѓу пријателските и сојузничките земји е дијалогот и почитувањето на нивните суверени одлуки. Резолуцијата на Претставничкиот дом на Конгресот на САД е удар за доверба меѓу нашите земји. Декларациите за подготвеност да наметнат санкции, закани и изградба на бариери за билатералните односи се неприфатливи “, објави турското МНР.

Потсетувеме дека Вашингтон е загрижен од зближувањето меѓу Турција и Русија и најмногу е против планираното купување на руски противвоздушни системи С-400. Токму заради овој договор со Москва, САД долго време на Анкара и се зканува со санкции, вклучувајќи го и нејзиното исклучување од производната програма и купувањето на најсовремените авиони на петтата генерација на Ф-35, за што Турција ќе мора да добие околу 100 парчиња. Таквиот потег на Соединетите Американски Држави и НАТО-алијансата ја толкуваат загриженоста дека овие авиони можат да станат видливи за рускиот С-400, што може да има големи последици за нивната иднина (што е чуден заклучок во поглед на нивната прокламирана невидливост кон спротивните ПРО системи!), Вашингтон исто така ја предупредува Анкара дека со купувањето на руски системи го прекршува законот на САД “за спротивставување на противниците на САД за санкциите (CAATSA)”. Во контекст на овие закани, вчерашните вести од Русија велат дека земјата има намера да ги продава во странство своите најнови авиони од 5-та генерација авиони Су-57. Со ова во пресрет се оди на изјавите на оние турски политичари кои долго време го предупредуваа Вашингтон дека во случај на суспензија на испорака на Ф-35 во Турција таа ќе купи руски Су-57.

Вашингтон, исто така на, Анкара, наместо руските, и ги нуди своите ПРО системи Патриот. Сепак, тие беа поскапи и застарени, а Анкара, исто така, долго чекаше, и на крајот и не го дочека американскиот одговор на прашањето за купувањето на Патриот доставено до Пентагон пред неколку години, поради што одлучи да ги купи Руските. Затоа Турција за патриот системот повеќе не изразува интерес.

Анкара ги одбива сите горенаведени забелешки од Вашингтон, но изрази подготвеност да ги модифицираат стекнатите руски системи С-400 во оние сегменти за кои Пентагон тврди дека може да претставува закана за безбедноста на сојузничките системи. Но, очигледно, ова не е доволно за Соединетите Американски Држави, бидејќи покрај елементот за воена безбедност, во целата оваа политичка “тресалка”, можеби дури и поголема улога има престижот и репутација, бидејќи Турција сепак е членка на НАТО алијансата (и тоа најважната) па купувањето на руското современо оружје во денешните геополитички услови претставува голем политички удар за Вашингтон и американската администрација.

Сепак, се чини дека турската одлука за купување на S-400 одамна е завршена и нема повеќе да се менува. Во текот на ова лето се очекува на турската територија да пристигнат првите батерии S-400 , кои би требало на должност да бидат ставени во октомври 2019 година, како што неодамна беше потврдено од турскиот министер за одбрана Хулуси Акар. На Турција и се потребни системите за ПРО и ПЗО. Таа ги нема, а колкавав е тој безбедносен проблем за Анкара најдобро се гледа од обидот за воен удар во јули 2016 година, чиј воздушен простор беше составен од турски воздухопловни сили, чии “бунтовнички” авиони полека летаа над турските територии и слободно ракетираа државните институции во Анкара, а ека дека немаа со што да ги срушат. Токму на овој факт честопати и предупредува турското државно раководство кога објаснува дека има намера да го набави рускиот С-400.