Руските меѓународни резерви ја надминаа бројката од 500 милијарди долари

0

Руските меѓународни резерви, во периодот од 31 мај до 7 јуни се зголемија за 1,5 отсто и ја достигнаа бројката од 502 милијарди долари, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според податоците на Централната банка на Русија, меѓународните резерви на земјата, во периодот од 31 мај до 7 јуни се зголемија за 1,5 отсто и ја достигнаа бројката од 502 милијарди долари. За првпат од 2014 година, Русија ги зголеми своите меѓународни резерви на ниво од 500 милијарди долари, кои беа намалени поради санкциите.

Претседателката на Централната банка на Русија, Елвира Набиулина, во изјавата дадена неодамна, рече: „Резервите од 500 милијарди долари се доволни за кризните сценарија. И понатаму ќе продолжиме да ги зголемуваме нашите резерви.“

Меѓународните резерви на земјата, кои се состојат од странска валута, пари, резервна позиција во ММФ, злато и други резервни средства, управувани од Централната банка и руската Влада, во август 2008 година го достигнаа највисоко ниво во историјата на Русија со вредност од 598 милијарди долари.