Силите на режимот во Сирија нападнаа турска точка во зоната на деескалација на судири на Идлиб

0

Сириските режимски сили нападнаа турска набљудувачка точка во областа Идлиб, соопшти денес Министерството за одбрана на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

„Тројца турски војници се полесно повредени“, се наведува во соопштението. Се додава дека некои постројки, опрема и материјали се делумно оштетени.

Нападот е извршен откако Турција и Русија во септември минатата година договорија Идлиб да го претворат во деескалациска зона.

„Околу 35 проектили се истрелани од подрачјето Ас-Шеријах, кое го контролираат силите на режимот во Сирија, врз зоната на деескалација на судирите на Идлиб. Цел беше нашата набљудувачка точка број 10, која се наоѓа на планината Завија“, се додава во соопштението.

Наведено е и дека турските власти, кога станува збор за напади, презеле потребни иницијативи со Русија.