Израел со одлука за сеопфатна поморска блокада врз Газа

0

Израелската војска донесе одлука за применување сеопфатна поморска блокада врз Појасот Газа, а како образложение го наведе лансирањето на балонот со хелиум, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според писменото соопштение на израелската војска објавено во весникот „Једиот ахронот“ (Yedioth Ahronoth), оваа сеопфатна блокада ќе биде во сила сѐ до донесување на втора наредба.

Израелската админситрација во вторникот донесе одлука за намалување на рибарската зона од 10 на 6 наутички милји во Појасот Газа кој е под блокада.

Во Газа околу 4.000 лица се занимаваат со риболовство, со што обезбедуваат егзистенција за 50.000 лица.

Според Договорот од Осло потпишан во 1993 година меѓу Палестинската ослободителна организација и Израел, Палестинците, без да бидат изложени на каква било израелска интервенција, имаат право слободно да се движат на отворено море до 20 милји од брегот на Појасот Газа, но израелската администрација го спречува ова право на палестинсите рибари.