Тензиите меѓу САД и Иран ја сменија рутата на авионската компанија на Саудиска Арабија

0

Авиокомпанијата на Саудиска Арабија, поради тензиите во Оманскиот Залив и Ормутскиот Теснец, како мерка за претпазливост ја смени рутата на летање, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според веста на „Ал Арабија“, телевизија на Саудиска Арабија, авиокомпанијата која за меѓународни летови ја користи рутата во Оманскиот Залив и Ормутскиот Теснец, донесе одлука да ја смени како мерка за претпазливост. Одлуката е донесена за да се осигура безбедноста на летовите.

Револуционерната гарда на Иран соопшти дека во четвртокот срушила набљудувачки дрон на Соединетите Американски Држави (САД). Во соопштението е наведено дека беспилотното летало од типот „RQ-4 Global Hawk“ е срушено откако влегло во иранскиот воздушен простор на јужниот дел на земјата.

Американската Централна команда (CENTCOM) нагласи дека рушењето на леталото се случило додека летало во меѓународниот воздушен простор на Ормутскиот Теснец.

Веднаш по настанот, во Белата куќа е одржан итен состанок на тема „Воена одмазда против Иран“. Со состанокот претседавал претседателот Трамп, но тој во последен момент се откажал од одмаздата, наведувајќи ја причината дека „ќе загинат голем број луѓе“.