Утре ќе се реализира првиот лет од Штудгарт до Охрид со „Еуровингс“

0
Фото:wikipedia

Утре, 1.07.2019 год  на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ предвидено е да се реализира првиот авио лет од Штудгарт до Охрид со авиокомпанијата „Еуровингс“.

На настанот предвидено е да учествуваат и обратат  Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија; Томислав Тунтев, директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство и Живка Ангелоска, претседател на Советот на Општина Охрид.

Според најавите од ТАВ, авионот се очекува на охридскиот аеродром да слета во 09.25 часот.