„Можеме да преговараме со САД, ако лидерот Хамнеи го дозволи тоа“

0

Иранскиот министер за разузнавање, Махмуд Алеви, рече дека може да се преговара со администрацијата на Вашингтон ако врховниот лидер на земјата, ајатолахот Али Хамнеи, го дозволи тоа, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според иранската официјална новинска агенција ИРНА, иранскиот министер за разузнавање, Алеви, во својот говор на настан во покраината Мзендаран ги оцени тензиите со САД и ефектите од санкциите.

Алеви, истакнувајќи дека американскиот претседател Доналд Трамп со санкциите сака да изврши притисок врз Иран, рече: „Во моментот, американскиот претседател на разбира дека санкциите немаат никаква корист и дека тие уште повеќе го обединија нашиот народ.“

Во однос на можноста за преговори со администрацијата на Вашингтон, Алеви нагласи:

„Ако американскиот претседател сака да ги отстрани санкциите, ние ќе го оцениме тоа. Ако големиот револуционерен водач [Хамнеи] дозволи, ќе започнат преговори меѓу Иран и САД.“

Трамп во неколку наврати претходно изрази желба да се состане со ирански официјални претставници. Но иранскиот водач Хамнеи, истакнувајќи дека американската администарција не е „доверлива“, ги затвори вратите за преговори со Вашингтон.

Иранскиот претседател Хасан Рохани рече дека за да започнат преговорите со САД, притисоците треба да бидат целосно отстранети.