Преземени сите училишта на ФЕТО во Авганистан

0

Преземени се надлежностите на уште 5 училишта на терористичката организација ФЕТО во Авганистан. Сега 13 училишта во земјата преминаа под контрола на Турската Фондација Маариф, јавува Anadolu Agency (AA).

Со овој потег, сите 13 училишта на ФЕТО во земјата беа предадени на турската фондација.

Претходно, турската Фондација „Маариф“ ја презеде целата контрола над неколку училишта поврзани со ФЕТО во земјата уништена од војна.

Фондацијата „Маариф“ е основана во 2016 година по неуспешниот обидот за државен удар, со цел да го преземе управувањето со училиштата поврзани со ФЕТО во странство. Исто така, нејзината цел е основање училишта и образовни центри надвор од земјата.

Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.

Терористичката ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрација на нејзините припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.

Терористичката група има значително присуство во странство, вклучувајќи ги и приватните училишта, кои служат како прилив на приходи за терористичката група