Турски медиуми:Руските системи С-400 следната недела доаѓаат во Турција

0
6

Првиот дел од воената опрема и опремата во рамките на руско-турските ракетни системи С-400 ќе се натовари на руски воен авион за транспорт денес, 7 јули, по што ќе пристигне во Турција следната недела. Ова вест беше објавена од страна на турскиот медиум Хабертурк. Првата испорака на S-400 ќе се изврши на два лета од руската воена воздухопловна база, додека првата група руски воени експерти, кои ќе ја надгледуваат инсталацијата на системот, ќе пристигнат во Турција во понеделник.

Синоќа портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин изјави дека испораката на С-400 ќе започне наскоро и дека тој “активно ќе се користи”.

Потсетуваме: турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на 30 јуни изјави дека првата испорака на С-400 во Турција ќе биде направена во следните 10 дена. Двете земји во 2017 година потпишаа договор за купување на против воздушните и против ракетниите системи S-400 “Triumf” вредни 2,5 милијарди долари.

Поставувањето на S-400 во оперативниот систем на турската армија се очекува во октомври оваа година.