Авганистан: Во експлозија на автомобил бомба загинаа 12 лица,ранети 179

0

Во авганистанската покраина Газни извршен е напад со автомобил бомба врз зградата на Агенцијата за национално разузнавање. Во нападот животот го загубија 12 лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Портпаролот на покраината Газни, Ариф Нури, за медиумите изјави дека е извршен напад со возило бомба врз Агенцијата за национално разузнавање, сместена во центарот на Газни.

Според првичните информации, како што информираше портпаролот Нури, во нападот животот го загубиле 12 лица, а 49 се ранети.

Тој соопшти дека меѓу загинатите, 8-мина се службеници на Агенцијата за разузнавање.

Во соопштението што го дадоа одговорните од болницата во Газни, се истакнува дека поголемиот дел од ранетите се цивили.

Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците.

Интересен е фактот дека нападот се случува во период кога во Доха, главниот град на Катар, претставниците на талибанците водат преговори за мировниот процес.