Иран ја надмина стапката од 4,5 проценти на збогатен ураниум

0
9

Портпаролот на Иранската агенција за атомска енергија, Бехруз Кемалвенди, истакна дека неговата земја ја надминала вредноста од 4,5 проценти при производството на збогатен ураниум, пренесува Anadolu Agency (AA).

Говорејќи за Новинската агенција на ирански студенти (ИСНА), Кемалвенди рече: „Утринава Иран ја надмина стапката од 4,5 отсто при производство на збогатен ураниум“.

Кемалвенди рече дека произведениот ураниум е со таа стапка со цел да се задоволат потребите на моќните реактори во земјата.

Нуклеарниот договор, исто така, познат како Заеднички сеопфатен договор (JCPOA), потпишан меѓу Иран и 5 постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации и Германија во 2015 година, му дава право на Техеран да ја продолжи својата активност за збогатување на ураниум со стапка од 3,67 отсто.

Администрацијата на Техеран по едностраното повлекување на САД од нуклеарниот договор истакна дека не може да ги постигне своите интереси поради економските санкции од САД и затоа од другите потписници на договорот (Русија, Кина, Англија, Германија и Франција) побара да обезбедат Иран да може да си ги обезбеди своите интереси. Во случај ако не се исполнат тие обврски, Иран најави дека нема да ги исполни обврските од договорот во однос на стапката на збогатување и количеството на производство на ураниум.