Заев му ја честиташе победата на Мицотакис

0

Премиерот Зоран Заев телефонски разговораше со новиот грчки премиер Киријакос Мицотакис, во кој му ја честиташе победата на парламентарните избори, соопшти владината прес служба.

-Двајцата премиери заеднички изразија надеж за продолжување на соработката меѓу Северна Македонија и Грција, во очекување на нивната прва средба како премиери. Премиерот Заев ги потврди позициите дека Грција е стратешки партнер на Северна Македонија со којшто развиваме соработка и градиме трајно пријателство и изрази благодарност за поддршката којашто нашата земја ја добива од Грција, за членството во НАТО и за почетокот на преговорите со ЕУ, се вели во соопштението.

Заев упатил и голема благодарност до досегашниот премиер на Грција и лидер на Сириза, Ципрас, за соработката со која беа поставени темели на трајно пријателство меѓу нашите земји и за визијата со која беше поставена основа за еден нов Балкан од кој зрачи мир, како и за храброста со која заеднички се вложија да го решат спорот кој 27 години ги попречуваше билатералните односите меѓу нашите држави и народи.