Инцидент на аеродром: Судир на обезбедувањето на Ердоган со граничната полиција на БиХ

0

Голем инцидент се случил денеска на аеродромот во Сараево, кога дошло до судир меѓу припадниците на граничната полиција и припадниците на личното обезбедување на претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган.

Ова за “Аваз” го потврдил Зоран Галиќ, директор на граничната полиција на БиХ. Како што дознавме, во конфликт кој се заканувал да прерасне во тешка физичка пресметка учествувале десет луѓе на Ердоган.

– Тие беа агресивни, се однесуваа како да се во нивната земја. Воопшто не ги почитуваат нашите закони. Имаше притисок, кога обезбедувањето на претседателот Ердоган ја одби постапката и редовни контроли. Заслужија сите да бидат приведени и лишени од слобода изјавил Галиќ.

Според неговите зборови, на овој немил настан сведочеле и претставници на делегацијата на Претседателството на БиХ.

– На сите мора да им биде јасно, без оглед на тоа кој е, мора да се почитуваат законите на оваа земја. Самата прибраност на припадниците на ГП- аеродромот доведе до избегнување на  конфликтот на поголем обем, – истакнал Галиќ.

Освен вербалниот конфликт, дошло и до туркање, кое било запрено откако Ердоган го напуштил авионот.

Наводно, припадниците на турското обезбдување извлекле оружје и ставиле на појасите. 

(Vijesti.ba)