Иран ја забрани крипто-валутата биткоин

0

Иран ги забрани трансакциите со крипто-валутата биткоин, пренесува Anadolu Agency (AA).

Насир Хакими, заменик-гувернерот на Централната банка на Иран, во изјавата за полудржавната новинска агенција на Иран „Тесним“ истакна дека со одлуката на Врховниот совет за борба против перење пари трансакциите со биткоин се забранети.

Хакими, предупредувајќи за ризиците од користењето на крипто-валутата, нагласи:

„Купувањето и продажбата на биткоин во Иран е забрането. Ценовното разбранување на биткоинот е многу високо и има правни ризици. Затоа ги советувам граѓаните да не влегуваат во таа игра.“

„Производството на биткоин сѐ уште не е забрането“, додаде Хакими.

Од друга страна, Али Муејиди, претседателот на Управата за борба против криумчарење стоки и девизи, во изјавата за медиумите во главниот град Техеран рече дека сите трансакции поврзани со биткоинот се забранети и дека оние што нема да ја почитуваат забраната, ќе се соочат со сериозни последици.

Во Иран, кој има проблеми во меѓународната трговија поради санкциите од САД, се зголемија цените на биткоинот, а исто така се забрзаа и трансакциите со крипто-валутата.

Сите трансакции во системот биткоин се евидентираат во сите компјутери кои се поврзани со крипто-валутата. Главен фактор кој предизвикува производство на електрична енергија во системот се таканаречените „рудари“ и луѓе кои произведуваат биткоин. Рударите, со голем број напредни компјутери се принудени да ги направат тие операции со крипто-валутите, а тоа резултира со интензивна потрошувачка на електрична енергија.

Во Иран, фабриките, обработливото земјиште, јавните институции и училиштата, каде што државата ја субвенционира потрошувачката на електрична енергија, станаа центри за биткоин-рударење.