Трамп и Ал Тани: САД и Катар се партнери, сојузници и пријатели

0

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Катар е особено важен американски сојузник, јавува Anadolu Agency (AA).

Катарскиот емир, шеикот Темим бин Хамад ал Тани, допатува во официјална посета во Вашингтон, а американскиот министер за трезор, Стивен Мучин, организираше вечера на која присуствуваа Трамп и Ал Тани.

Трамп на вечерата ги пофали катарските власти за вложувањето во САД и изрази задоволство од најавата дека доаѓаат уште неколку големи инвестиции.

„Знам дека сѐ ќе биде позитивно во односите меѓу нашите две земји. Вие сте особено важен сојузник и ни помогнавте многу во изградбата на голема база и воен аеродром“, му порача Трамп во обраќањето на Ал Тани со кого во текот на денот ќе се состане и во Белата куќа.

Катарскиот емир Ал Тани исто така ги пофали катарско-американските односи и соработката.

„И оваа моја посета потврдува дека делиме исти идеали. Денес го славиме нашето силно економско партнерство“, изјави Ал Тани.

Тој изрази жалење што во Заливот не делат сите исто мислење со Катар

„Во светот денес постојат сојузништва во кои некои сојузници не се искрени пријатели, но САД и Катар се партнери, сојузници и пријатели“, изјави Ал Тани.