Нов Проект на Обединетите Арапски Емирати: Планираат да влечат Антарктички глечер до Персискиот Залив

0

И покрај големите трошоци за влечење на глечер од Антарктикот до Емиратите, директорот на компанијата задолжена за проектот верува дека тоа ќе биде вреден напор.

Нацконалниот советник на Bureau Limited, компанија со седиште во Обединетите Арапски Емирати, сега го покренуваат првото тест возење на својот амбициозниот план да се влече санта мраз (глечер) од Антарктикот во Персискиот Залив за да се користи како извор на свежа вода.

Како што објаснил директорот на компанијата Abdull Alshehi за време на интервјуто на изложбата Euronews Inspire Middle East помала глечер за прв пат ќе се влече со брод (теглач) кон крајот на оваа година или во Кејптаун или Перт, и да се собере вода како дел од првиот тест.

Тој, исто така, истакна дека иако овој тест ќе чини помеѓу 60 и 80 милиони евра, додека на проценетите трошоци за влечење санта мраз во Обединетите Арапски Емирати, ќе се движат од 100 до 150 милиони долари, тоа секако би било вредно за трудот.

“Ќе биде поевтино да се внесат овие глечери и да ги користите за свежа вода а не да се користи водата од програмата на десоланизација, бидејќи машините за десоланизација бараат големи капитални инвестиции”, изјавил Alshehi.

Тој додаде дека проектот може да го намали негативното влијание на десалинизацијата врз животната средина и да се привлечат туристи кои се заинтересирани за “излети на мраз”, а да не зборуваме дека пловењето на овие огромни мразови во близина на брегот на Обединетите Арапски Емирати може да резултира со зголемено количество на дожд, од кое корист би имало локалното земјоделство.