Во Европската Унија живеат 513,5 милиони луѓе

0

Вкупното население од 28 земји членки на Европската Унија (ЕУ) во 2019 година достигна 513,5 милиони, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според податоците на Европскиот завод за статистика (Еуростат), вкупното население на 28-те земји членки на ЕУ, кое изнесуваше 512,4 милиони на почетокот на 2018 година, на почетокот на оваа година достигна 513,5 милиони. Така минатата година населението на ЕУ се зголеми за 1,1 милион луѓе.

Германија, со население од 83 милиони, е најнаселената членка на ЕУ, потоа следува Франција со 67 милиони, Британија со 66,6 милиони, Италија со 60,4 милиони, Шпанија со 46,9 милиони и Полска со 38 милиони.

Во наведениот период, населението на Турција изнесува вкупно 82 милиони 3 илјади 882 лица.

– Населението на ЕУ е зголемено поради миграцијата –

Во 2018 година, бројот на смртни случаи во 28-те земји членки на ЕУ го надмина бројот на раѓање. Во овој период, во ЕУ починале 3 милиони луѓе, а се родиле 5 милиони. Зголемувањето на населението на ЕУ се должи на околу 1,1 милион мигранти.