„Тоа што сакаше да го направи во Турција, ФЕТО ќе го направи и во Северна Македонија“

0

ратеникот на АК Партијата (AK Parti) од Ерзурум, Селами Алтинок, истакна дека во моментот кога челниците на терористичката организација ФЕТО ќе чувствуваат дека имаат доволен број припадници и дека собрале доволно моќ, тоа што сакаа да го направат во Турција, ќе го направат и во Северна Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).

Алтинок ја посети канцеларијата на Сервисот на АА за вести на македонски и албански и јазик во Скопје, каде што се наоѓа во рамки на прикажувањето на документарниот филм „Мрежа“ (The Network) – дело кое го обелоденува вистинското лице на терористичката организација ФЕТО, кое е подготвено од страна на ТРТ „Ворлд“ (TRT World), а кое ќе се одржи во кампусот на Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ), под покровителство на Амбасадата на Турција во Скопје.

Тој во изјава за АА истакна дека процесот од 17 до 25 декември 2013 година, и предавничкиот обид за државен удар на 15 јули 2016 година треба добро да се објаснат во земјите на Балканот, каде што, според него, Турција има многу старо минато.

Алтинок нагласи дека ограноците на ФЕТО продолжуваат со активности на земјите од Балканот, и дека овие лица ги злоупотребуваат добронамерните чувства на луѓето, со цел да ги постигнат своите амбиции.

Алтинок рече дека двете земји поседуваат стари односи, и дека Турција се наоѓа меѓу првите земји кои први ја признале независноста на оваа земја.

Според него, преку Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), Институтот „Јунус Емре“ и бизнисмените, Турција инвестира во развојот на Северна Македонија.

„Сметам дека односите меѓу двете земји ќе продолжат врз основа на многу цврсти темели. Ќе продолжиме да даваме придонес во оваа насока“, додаде тој.

– „Република Турција не ѝ ја оставивме на предавничката терористичка организација“

Алтинок нагласи дека ФЕТО во процесот од 17 до 25 декември, во соработка со судството и полицијата, се обиде да изврши државен удар врз Владата која беше избрана со волјата на народот, а преку Владата да изврши државен удар врз државата.

Тој рече дека во тој период бил гувернер на турскиот град Аксарај, додека извесно време потоа станал директор на Полициската дирекција во Истанбул.

„Во тој процес, мал број патриоти, заедно со полицијата лојална на својата држава и својот народ, се спротивставивме на желбата за преземање на власта преку вршење државен удар врз Владата и државата“, додаде Алтинок.

Според него, по процесот од 17 до 25 декември, разрешени биле гувернери, полициски началници, жандармериски команданти, главни обвинители и судии кои биле припадници на ФЕТО, додека, како што рече, доколку тие не биле разрешени, 15 јули ќе добиел сосема друга насока.

Алтинок истакна дека под водство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган успеале да го потиснат обидот за државен удар на 15 јули во 2016 година.

„Република Турција не ѝ ја оставивме на предавничката терористичка организација која игра улога на слуга, убиец и маша на други лица“, рече тој.

– „Ги предупредуваме нашите колеги од Северна Македонија во врска со ФЕТО“

Алтинок нагласи дека додека бил на функцијата директор на Полициската дирекција во Истанбул, ги посетил сите земји на Балканот, каде што на функционерите на овие земји им раскажал за 15 јули и терористичката организација ФЕТО.

Тој истакна дека со функционерите со кои се сретнал, им рекол дека ФЕТО нема амбиции само во Турција, и додаде:

„Во моментот кога челниците на терористичката организација ФЕТО ќе чувствуваат дека имаат доволен број припадници и дека собрале доволно моќ во Северна Македонија, тоа што сакаа да го направат во Турција, ќе го направат и во Северна Македонија. Го гледаме тоа, веруваме во тоа, и отсега ги предупредуваме нашите колеги: за да не се покајат по 15-20 години, постојано им препорачуваме да бидат внимателни, со цел да не им ја предадат државата на припадниците на ФЕТО.“