Акар: „Првиот дел од испораката на S-400 е успешно завршен”

0

Министерот за одбрана на Република Турција Хулуси Акар, говорејќи за одбранбениот ракетен систем S-400, кој Турција го набави од Русија, изјави дека испораката на првиот дел од материјалот на одбранбениот систем планирана за денес е успешно завршена, како и дека остатокот ќе биде испорачан во текот на наредните денови, јавува Anadolu Agency (AA).

Одговарајќи на прашањата на новинарите, Акар го коментираше процесот на испорака на првиот дел од материјалите од одбранбениот ракетен систем S-400, а чија испорака официјално започна денес.

„Активностите околу испораката на противвоздушниот одбранбен систем траат веќе со години. На тој план ние одредивме некои принципи. Во согланост со тие принципи имавме разговори со Кина, Русија, САД и Франција. На крајот од преговорите утврдивме дека на нашите принципи највеќе им одговара Русија, и во јуни 2017 година попишавме договор”, рече Акар и додаде:

„Утрово три авиони извршија испорака на првиот дел од материјалите на одбранбениот систем во воената база Муртед (Анкара). Тоа е еден дел од овој процес, а тој ќе биде продолжен во наредните денови. Се се одвива според претходно утврден протокол. За денес беа планирани три авиони и тој дел од испораката е завршен.”

Акар додаде дека неговата земја продолжува со преговорите за испорака на американскиот одбранбен систем Патриот.

Договорот кој Турција и Русија го постигнаа за купопроджба на антиракетните системи S-400 предизвика остри критики од САД што доведе до тензии во американско-турските односи. Официјален Вашингтон тврди дека набавката на системот S-400 ќе ја загрози турската позиција во проектот на воените авиони Ф-35.

Турција тврди дека системите S-400 нема да ги инкорпорира во системите на НАТО и дека ниту на било кој начин нема да ги загрози сојузниците. Официјална Анкара повика на формирање на заедничка стручна комисија со задача да се утврди дали прашањето S-400 предизвикува технички проблеми.