„Благодарност за Турција за постојаната поддршка и помош за нашето членство во НАТО”

0

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски упати благодарност до Република Турција за постојаната поддршка и помош за членство на Северна Македонија во НАТО, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Големото национално собрание на Република Турција го ратификуваше пристапниот Протокол за нашето членство во НАТО. Благодарност за Турција за постојаната поддршка и помош за нашето членство во НАТО”, истакна Пендаровски во објава на неговиот официјален профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Во објавата, Пендаровски објави и фотографија од средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, која се одржа на 9 јули, во рамките на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (SEECP) во Сараево.

Големото национално собрание на Турција (ТБММ) на вчерашната седница го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во Алијансата.

Земјите-членки на НАТО го потпишаа Протоколот за пристапување на Северна Македонија во оваа алијанса на 6-ти февруари оваа година. За да стане полноправна земја-членка на НАТО, Протоколот за пристапување треба да биде ратификуван во парламентите на сите членки на Алијансата.