МС Подгорци: Воведување на рестрикции во водоснабдувањето на населба Подгорци

0

И З В Е С Т У В А Њ Е

          Сметајќи на се зголемената потрошувачка на вода за пиење и друга намена, како и зголемената потрошувачка на вода која се искористува се понерационално (миње на асфалтни и зелени  површини и др..) притоа земајќи ја во предвид можноста од доведување во прашање на нормалниот тек на вода за пиење, Месната заедница – Подгорци од Подгорци започнува со воведување на рестрикции во снабдувањето со вода и тоа во период од: 

00:00 до 05:00 часот  –  секој ден…

(Од  поноќ до пет часот наутро)

          Овие рестрикции ќе траат се додека не се утврди дека не се доведува во прашање нормалниот тек за снабдување на населбата со вода и друга намена.

            Се известуваат граѓаните, водата да ја користат што поекономично. За сите оние кои нема да ја почитуваат оваа одлука ќе биде предвидена и можноста од исклучување на ваквите домаќинства од системот за водоснабдување.

            Притоа се молат сите граѓани да пријават доколку установат кај одредени лица, користење на неконтролирана потрошувачка на вода (полевање на асфалтна, бетонска или друга површина) истото да го пријават во канцеларијата на Месната заедница  Подгорци.

МС Подгорци / претс. Адем Адароски