Откажани близу 100 летови на „Бритиш ервејс“ поради дефект на компјутерскиот систем

0

Откажани се близу 100 летови на „Бритиш ервејс“ (British Airways) во Лондон поради дефект на компјутерскиот систем, пренесува Anadolu Agency (AA).

Поради дефект на компјутерскиот систем на „Бритиш ервејс“, откажани се 81 лет од аеродромот „Хитроу“, 10 лета од аеродромот „Гетвик“, а 200 лета се одложени во времетраење од 5 часа.

Во соопштението од „Бритиш ервејс“ се истакнува дека откажувањата и одложувањата на летовите се како резултат на проблеми во компјутерскиот систем и упатено е извинување до патниците.

Компанијата тврди дека проблемот е ограничен на европските летови, но патниците во своите споделувања на социјалните мрежи истакнуваат дека проблемот е на глобално ниво, од Јапонија до Соединетите Американски Држави.

Проблемот во компјутерскиот систем, кој се прикажува на пријавувањето на патници, сè уште трае.

Како резултат на проблемите со компјутерскиот систем на „Бритиш ервејс“ во 2017 година, што траеја 2 дена, 75.000 патници беа оштетени, а компанијата се соочи со загуби од 100 милиони фунти.