(Фото/Видео) Со традиционалната “Подгоречка алва“ Подгорчани му посакаа добредојде на Курбан Бајрам

0

Како и секоја претходна година, такаа и оваа, по повод предстојниот празник Курбан Бајрам, жители на населба Подгорци, повторно одлучија да ја продолжат традицијата на подготовка на познатата традиционална “Подгоречка Алва“, со која жителите на оваа населба го најавуваат доаѓањето на Курбан Бајрам, еден од најголемите празници за муслиманите.

И оваа година, подтикнати од желбата да напрајме еден ќејф, како и секоја измината година, решивме и оваа доаѓањето на Курбан Бајрам да го обележиме со подготовка на нашата “Подгоречка Алва“. Ова веќе го правиме по трет пат, и веќе на некој начин ни станува традиција. Луѓето кои доаѓаат тука особено ги интересира начинот на кој таа се приготвува, иако до нејзиното целосно завршување, односно кога треба да ја поделиме на жителите на нашава населба, трае малку повеќе време, ама со заедничко дружење и муабет, времето ни врвит и така послесно истата ја подготвуваме, а сето тоа ќе може да се забележи од вашето видео, ни изјави еден од постарите и главни мајстори на оваа позната алва, г-динот Ибрахим Максутоски.

Секоја година, ни се придружуваат сё повеќе и повеќе доброволци кои сакаат да бидат дел од оваа наша традиција, односно од овој ден. Некои веќе се од самиот почеток на оваа наша традиција, и во ова пригода би сакал да им се заблагодарам на сиот вложен труд особено на: Асим, Семир, Сулејман, Дашмир, Шејадин, Мефаил, Недим, и ред други на кои сега не можам да се сетам. Инаку посебна благодарност би сакал да изразам и до сите наши спонзори, кои секоја година со нивното учество и помош допринесуваат за продолжување на оваа наша традиција, и се разбира вас како медиум не би сакал да ве заборавам и да ви се заблагодарам, што секоја година ја следите оваа наша традиција и допринесувате истата да допре до пошироката јавност – ни надополни г-динот Максутоски

Ова година, за разлика од другата во однос реализацијата на оваа традиција, се разликува по тоа што веќе имаме и подготовка на скара, така да сите оние кои не посетуваат, како и ние кои сме тука, доброволно можат да каснат по некое ќебапче, како и од истите да им поделиме и на оние кои поминуваат покрај нас.

Ние продолжуваме понатаму, да сме здрави и живи ИншАллах да дочекаме и наредната година уште подобро да ја организираме оваа активност, со уште поголем број на наши сограѓани и се разбира уште повеќе спонзори, со што ќе можеме секоја наредна година да внесуваме нови работи, а сето тоа да биде на задоволство на нашите Подгорчани, ни изјави еден од насјтарите учесници и како еден од иницијаторите на оваа традиција г-динот Семир Рамаданоски.

Оваа наша традиција, еве како што веќе забележавте, веќе ги бендиса и туристите кои не затекнаа овде, и онака љубопитно се интересираа како изгледа сето ова, и се разбира не можеа да му одолеат на вкусот на нашава алва, па така моравме да им спакуваме и по некое порцивче одповеќе, а се надевам дека наредната година и нив ќе ги има повеќе за оваа наша традиција да биде попозната и побогата малку подалеку и од нашава земја,- ни истакна еден од најстарите иницијатори за оддржување на оваа традиција г-динот Асим Максутоски.

Притоа, сите заеднички на сите припадници од исламска вероисповест им го честитаа Курбан Бајрам, и им посакаа се најдобро во иднина, мир, мармонија, среќа, и здравје, а на печалбарите кои не се во нашава населба им посакаа и тие ако е насип и наредната година да бидат во нашиов крај, и споделат Бајрамските денови, заеднички онака како што доликува прославувањето на овој празник.

А, ние почитувани во прилог на оваа информација, ви го презентираме регистрираното видео од денешниот ден, и од напред да ви се извиниме што за да биде што повеќе автентично без и било каква монтажа, особени на аудиото истото ќе биде прикажано онака како што беше регистрирано..