Израелската војска уби Палестинци недалеку од границата на Газа

0

Израелската војска уби неколкумина Палестинци недалеку од границата на Газа, јавува Anadolu Agency (AA).

Во писменото соопштение што го објави израелската војска се наведува дека неколкумина Палестинци вооружени со калашникови, рачни бомби и РПГ-ракети, се приближиле кон жиците поставени на границата и во моментот кога еден од нив се обидел да ја премине границата, израелските војници отвориле оган, по што Палестинците биле убиени на самото место.

Во соопштението се вели дека еден од Палестинците фрлил рачна бомба врз израелските војници, но дека нема загинати или ранети војници од израелска страна, при што не се дава бројката на загинатите Палестинци.

Израелската војска утрово во близина на границата на Газа со автоматско оружје упати истрели врз подрачјето со кое управува движењето Хамас.