Турскиот парламент упати апел до САД за испорака на Ѓулен, лидерот на ФЕТО

0

Парламентарните групи на АК Партијата, Републиканска народна партија (ЏХП), Партија за национално движење (МХП) и ИЈИ партија, во заедничкото соопштение упатија повик до САД да ги преземе сите неопходни чекори за да во најкраток временски рок Фетулах Ѓулен, водачот на терористичката организација ФЕТО биде вратен во Турција.

Во заедничката изјава на Парламентарните групи на овие 4 партии се нагласува: „Водачот на ФЕТО, Фетулах Ѓулен од САД продолжува да управува со терористичката организација и со користење на тактиките на терористичките организација како што се ДЕАШ и Ал Каеда продолжува да ги шири своите изопачени гледишта. Непреземањето на дејствија од страна на властите на САД против ФЕТО и водачот Фетулах Ѓулен негативно влијае на односот на доверба меѓу Турција и САД. Ние како 4 парламентарни партии ја споделуваме големата реакција што е предизвикана во турското општество.“