ЕМИРАТИ: По повод Курбан Бајрам и Денот на Арафат, Дубаи со забрани за забави и музички перформанси

0

Во хотелите и рестораните во Дубаи од петокот, 9.август од 18:30 часот до сабота, 10 август навечер заради одбележување на Денот на Арафат започна со забрана да биде домаќини на забави или музички перформанси во живо . Исто така, пиење алкохол нема да биде дозволено во ресторани, кафулиња и хотели каде може да се нарачаат алкохолни пијалоци. Оваа забрана важи и за бродовите за крстарење.

По повод прославата Курбан-Бајрам, вработените во Обединетите Арапски Емирати годинава имаат мини-годишен одмор, кој ќе трае од петок, 9 август до вторник, 13 август. Деновите за одмор по повод Курбан Бајрам се изедначени како за јавниот, така и за приватниот сектор.