Австралија погодена од студен бран, температури и до минус три

0
7

Југо-источниот дел на Австралија беше погоден од студен бран, со температури кои во планинските предели се движеле и до минус три степени, а еден човек загинал откако претходно врз него паднало дрво.


Уште во саботата, метеоролошките служби издале предупредување за силни студени ветрови, снег и мраз.

Според австралиската страница на ABC, снегот, ниските температури и отежнатите услови за возење доведоа до затворање на патиштата низ државата Викторија, а студениот бран што деновиве ги обвитка градовите во бело трае веќе неколку денови.

Некои градови, наводно, за прв пат после неколку децении биле покриени во снег.

Постар човек (68) е повреден во саботата додека скијал во Нов Јужен Велс кога врз него паднала голема гранка од дрво.

Планинското одморалиште Бу Бу е целосно отсечено поради снегот, а екипите за спасување се обидуваат да расчистат патишта.

Службата за итни случаи соопштила дека примила 145 повици за помош низ целата држава, а повеќе од половина од тие повици биле од испаднати дрвја.