Реакција од Махмуд Абас: За упадот во Месџид-и Акса и нападите е одговорна израелската влада

0

Палестинскиот претседател махмуд Абас објави писмено соопштение во кое подвлече дека жестоко го осудуваат нападот на израелската полиција врз Месџид-и Акса и упати повик до меѓународната заедница и арапските земји да ги сопрат нападите на Израел врз светите места на муслиманите.

Абас во соопштението напиша: „За упадот во Месџид-и Акса и нападот врз муслиманите е одговорна израелската влада. Нападот претставува голема провокација врз чувствителностите на муслиманите и покачувајќи ја тензијата доведува до зголемување на насилството во регионот.“

Абас ја изнесе и следната констатација: „Месџид-и Акса претставува наша црвена линија. Не е можно да се остане безгласен пред нападите кои што би биле повторени од страна на окупаторите и доселениците.“

Палестинскиот претседател Махмуд Абас исто така упати повик до меѓународната заедница и до арапските земји утно да интервенираат на состојбата за стопирање на изарелските напади.

Инаку, фанатизираните евреи вчера по повод одбележувањето на денот на жалост и постење Теша БеАв кој што се совпадна со славење на првиот ден на  муслиманскиот верски празник Курбан Бајрам, побараа дозвола од израелската полиција да влезат во Месџид-и Акса.

На ова барање на фанатизираните евреи израелската полиција интервенираше врз Палестинците внатре во Харем-и Шериф кои пак се обидоа да го спречат упадот на фанатизираните евреи во Месџид-и Акса.  Притоа за време на оваа интервенција на израелската полиција во Харем-и Шериф беа повредени 61 Палестинец од кои 15 беа префрлени на лекување во болница.

Портпаролот на Администрацијата на исламските фондации на Ерусалим (Кудс) Фирас Дибс исто така објави писмено соопштение во кое информира дека и покрај случувањата над илјада фанатизирани евреи во придружба на израелската полиција во групи упаднаа во Месџид-и Акса.