Турската амбасада во Скопје реагираше против објавата на косовскиот амбасадор Дедај

0

Амбасадата на Турција во Скопје, остро ја осуди објавата на косовскиот амбасадор во Македонија, Ѓерг Дедај, во која се употребени неосновани тврдења и непријателската реторика насочена кон Турција и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението од Амбасадата на Турција во Скопје, остро се осудуваат неоснованите тврдења и непријателска реторика на косовскиот амбасадор Дедај насочени кон Турција и претседателот Ердоган, во неговата објава на социјалната мрежа Фејсбук за нападот врз натписот на спомен – плочата на „Демократскиот парк 15 јули“ која се наоѓа во паркот на вештачкото езеро во Тирана.

„Оваа последна објава ја покажува исправноста на нашата одлука да не се сретнеме со косовскиот амбасадор во Скопје, Дедај, кој претходно даваше изјави против нашата земја и не беше свесен за одговорноста што му ја дава неговата функција. Нашето очекување од нашите пријатели е да ја покажат неопходната солидарност и соработка со нашата земја во нејзината решителност во борбата против терористичките организации, особено против ФЕТО, каде даде добар тест во одбраната на демократијата“, се нагласува во соопштението на амбасадата.

Амбасадорот на Косово во Скопје, Ѓерѓ Дедај, на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук објави содржина против Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Амбасадорот во својата објава на Фејсбук за нападот врз спомен-плочата „Демократскиот парк 15 јули“ која се наоѓа на паркот на вештачкото езеро во Тирана и за натписот кој се наоѓа во паркот и табелите со турските знамиња врз него напиша:

„Не за политичкиот споменик на Ердоганската Турција! Таму, има место за споменик од геноцидот на Отоманската империја, масакрот од Бар, злосторствата од комунизмот, споменик во врска со војната на Косово, но никако нема место за моманталните политики на Ердоганската Турција.“

Изминатите денови беше оштетен натписот и табелите врз кого имаше турски знамиња во „Паркот на шехидите 15 јули“ изграден од ТИКА во главниот град на Албанија, Тирана, Сепак, за кратко време натписот и табелите беа санирани од страна на вработените во општина Тирана.