Јапонија: Потребна евакуација на над 600.000 луѓе поради тајфунот Кроса

0

Повредени се 16 лица, а повеќе од 7.000 лица се евакуирани поради тајфунот Кроса, кој ги зафати западните делови на Јапонија, пренесува Anadolu Agency.

Во соопштението од Јапонската метеоролошка агенција, пренесена од агенцијата „Кјодо“, тајфунот Кроса стигнал близу градот Куре во регионот на Хирошима.

Во соопштението се истакнува дека тајфунот напредува кон Јапонското Море и дека достигнал брзина од 144 километри на час.

Агенцијата за управување со пожари и непогоди соопшти дека поради предупредувањата за лизгање на земјиштето и поплавите во западните и југозападните делови на земјата, евакуирани се 7.000 лица од 15 региони и дека поради тајфунот повредени се 16 лица.

Од друга страна, властите укажаа дека е потребно евакуирање на 600.000 луѓе како резултат на поројните дождови и силниот ветар што го донел тајфунот.

Поради тајфунот, железничкиот сообраќај помеѓу Шин-Осака и Кокура е привремено запрен, а исто така соопштено е дека ќе бидат откажани и локалните возови во регионите Окајама, Хирошима и Јамагучи.

„Јапонија ерлајнс“ и „Нипон ерлајнс“ денеска откажаа над 400 домашни и меѓународни летови.

Локалните власти ја споделија информацијата дека претходниот ден во градот Кусу во регионот Оита, група од 18 лица, меѓу кои имало и деца, биле спасени од надојдената река.