Трамп побара, а Израел им забрани влез на двете американски конгресменки

0

Израел не дозволи двете американски конгресменки, Илхан Омар и Рашида Тлаиб од редовите на демократите да го посетата Израел.  кои се истакнати критичари на израелската влада.

Омар и Тлаиб, кои се гласни критичари на американскиот претседател Доналд Трамп требаше да ги посетат Западениот Брег и Источен Ерусалим следната недела.

И двете го поддржаа движењето за бојкот против Израел, а израелскиот закон дозволува да се забрани посета на приврзаниците на оваа кампања.

Претседателот Трамп претходно на Твитер порача дека Израел ќе покаже „голема слабост“ доколку на двете конгресменки им дозволи влез на своја територија.

Омар го опиша потегот на Израел како „навреда за демократските вредности и застрашувачки одговор на посетата на владини претставници од сојузничка нација“.

Претходно во четвртокот, Трамп на Твитер повика на двете конгресменки да им биде забранета посета, додавајќи дека „тие го мразат Израел и целиот еврејски народ и нема ништо што може да се каже или да стори за да го сменат мислењето“.

Омар и Тлаиб беа критикувани за нивниот став за Израел – но ги негираа обвиненијата дека се антисемитски.

Што предвидува израелскиот закон

Израелскиот закон забранува издавање визи за влез во земјата на секој странец кој повикува на кој било вид бојкот што е насочен кон Израел – економски, културен или академски.

Законот е контра движењето за „бојкот, ускратување, санкционирање“, кое привлече голема поддршка низ цела Европа и САД.

Израелските власти претходно изјавија дека ќе направат исклучок за американски официјални претставници, но се премислија.

Според американските медиуми, двете американски конгресменки требало да ја започнат посетата в недела, а првата дестинација требаше да биде едно од најчувствителните места во регионот – храмот што се наоѓа во стариот дел на Ерусалим, кое Евреите го нарекуваат Хар Хабиит, а Муслиманите Харам ал-Шариф.

Тие исто така планираа да ги посетат израелските и палестинските мировни активисти и да патуваат во Ерусалим и градовите Витлеем, Рамалах и Хеброн на Западниот Брег.

Извор:НоваТВ