Реакција од Турција против иницијативите на Израел за промена на статусквото во Месџид-и Акса

0

Турција покажа реакција против иницијативите на Израел за промена на статусквото во Месџид-и Акса.

Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи, во врска со изјавите на израелскиот министер за јавна безбедност Филад Ердан за промена на статусквото во Месџид-и Акса се истакнува следното:  “Целосно ги отфрлуваме изјавите на израелскиот министер за јавна безбедност во врска со промената на статусквото во Месџид-и Акса. Тоа е показател на еден изопачен менталитет.”

Во соопштението се укажува дека секое акудирање и обид за наштетување на историскиот и правниот статус на Ерусалим (Кудс) ќе ја зголеми уште повеќе затегнатоста во регионот.

“Впрочем, како последно за време на Курбан Бајрам израелската полиција интервенираше врз Палестинците кои се обидоа да ги спречат провокативните упади на некои екстремни фанатизирани еврејски групи во Месџид-и Акса и притоа беа ранети голем број Палестинци. Треба да се овозможи израелските власти да стават крај на незаконските применувања на окупираните палестински територии и да избегнуваат од преземање на неодговорни дејствија и давање на изјави кои ќе ја зголемат затегнатоста во регионот.” – стои во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција.