Во текот на хаџот во Мекка испорачани 41 милион м3 вода и 4.715 KW електрична енергија

0

Принцот Калид Ал-Фајсал, советник на чуварите на двете свети џамии и гувернер на Мека, соопшти дека 350,000 работници и 35.000 доброволци биле ангажирани за да им служат на верниците.

Во секторот за безбедност имаше 120.000 вработени, потоа 200 000 од различни сектори и 30 000 здравствени работници, пренесува новинската агенција Саудиска Арабија (СПА).

Ал-Фајзал прецизираше дека хуманитарните организации дистрибуирале повеќе од 26 милиони оброци, електричниот капацитет достигна 4.715 KW, додека 41 милиони кубни метри вода се испорачува на Мека и на светите места за време на годинашниот Хаџ.

Гувернерот на Мека изјави дека 2.489.406 верници биле транспортирани од Арефат до Муздалиф, вклучително и 360.000 аџии што биле превезувани со воз. Аџиите користеле 100.000 пешачки премини и 20.000 автобуси.

Во здравството, рече принцот Ал-Фајсал, обезбедени се услуги на повеќе од 500.000 аџии. Дури 173 болници, здравствени центри и мобилни амбуланти со капацитет од 5000 легла се достапни за аџии.

Извршени се 336 операции на отворено срце и срцеви катетеризации, како и 2.700 други операции.