Израел ги поттикнува Палестинците да мигрираат од Газа

0

Администрацијата на Израел од минатата година започнала со поттикнување на Палестинците кои живеат во Газа да мигрираат во други земји, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според веста на весникот „Једиот Ахронот“ (Yedioth Ahronoth) врз основа на изјавата на анонимен владин функционер, практиката за која станува збор била актуализирана пред една година во израелскиот Кабинет.

Како што истакнува владиниот функционер, во овој контекст се планира изградба на аеродром во Негев, јужниот дел на Израел, кој ќе биде наменет за лицата кои ќе сакаат да мигрираат од Газа.

Се вели дека Израел контактирал со голем број земји на Средниот Исток од кои побарал да ги прими мигрантите, но дека досега не добил одговор.

Според весникот, само во 2018 година Газа ја напуштиле 35.000 Палестинци.