Во хеликоптерска несреќа загинаа три лица

0
Фото:faktor.ba

Во несреќата на приватен хеликоптер во близина на грчкиот остров Порос, загинаа двајца руски патници и грчки пилот. Хеликоптерот погодил електрични линии и паднал во морето, предизвикувајќи прекини на електрична енергија. Грчките власти соопштија дека телата на три лица биле пронајдени од нуркачи во близина на пристаништето Пороса, остров 60 километри јужно од Атина.

Хеликоптерот Агуста А109 полетал од Галатас, место близу крајбрежјето и требало да слета на меѓународниот аеродром во Атина. Електричарите ја вратиле електрична енергија на делови од островот, а целосна санација на оштетениот електричен систем се очекува утре.

Извор:Faktor.ba