ЕКСКЛУЗИВНО: Ирански танкер истовари нафта во Сирија

0
Tank farm or oil terminal for storage of oil and petrochemical products, Aerial view.

Иранскиот танкер за нафта Адријан Дарија 1, порано наречен Грејс 1, го растовари својот товар во сириското пристаниште Банијас.

Претходно, Иран ја принуди Велика Британија да го ослободи танкерот заробен во Гибралтар од страна на британските власти одговарајќи со иста мерка од страна на Иранската револуционерна гарда заробувајќи британски танкер во Хормушкиот теснец.

Британците протестираа, пишувајќи написи за „Иранското пиратство“, иако тие беа првите кршејќи го на меѓународното право и на основа едностраните санкции од ЕУ, зазедоа Ирански танкер но на крајот беа принудени да ги ослободат Иранчаните со сите 2 милиони барели нафта, која беше наменета за Сирија. Патем, британскиот брод сè уште не е ослободен од иранското пристаниште.

ВИДЕО: Иранскиот танкер „Адријан Дарија 1“ влегува во сириските води

 

Доколку британските воени бродови ги нарушат или нападнат бродовите на ИРГЦ, тие ќе бидат цел на против-бродски ракети, предупреди Техеран. Велика Британија ја сфати заканата сериозно и пушти иранскиот танкер.

Покрај тоа, тие повторуваа како мантра дека „Иранците им ветиле дека нема да растоваруваат нафта во Сирија“. Како што можеме да видиме, Иран, користејќи ја потребната сила, не само што го обезбеди ослободувањето на својот танкер, туку го донесе и до својата дестинација.

Целата оваа приказна уште еднаш покажува дека Западот го разбира само јазикот на силата и ги смета обидите за убедување и преговарање како знак на слабост и подготвеност да направат отстапки. Штом Иран покажа мускул, преминувајќи од закани на акција, поранешните „господари на светот“ брзо се повлекоа.

Во контекст на британскиот срам, водачот на Пентагон соопшти дека Соединетите држави генерално немаат планови да ги запленуваат иранските танкери со сила.

Во однос на санкциите на ЕУ против Сирија, кои вклучуваат забрана за снабдување со нафта на арапските земји, Иран постапки како би постапила  секоја суверена земја и не ги почитуваше еднострани санкции што не беа одобрени од Советот за безбедност на Обединетите нации. Иран има право да продава, па дури и да донира нафта на Дамаск и санкциите на Брисел не можат да го спречат тоа.

Iranski tanker i sirijski tegljači za transport u BaniasФОТО: Ирански танкер и сириски брод за транспорт во пристаништето Банијас

Извор:logicno.com