Хезболах сруши израелско беспилотно летало во јужниот дел на Либан

0

Либанското движење Хезболах утринава соопшти дека срушило беспилотно летало на израелските сили во јужниот пограничен појас на Либан, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Муслиманите на исламскиот отпор со адекватно оружје го срушија израелскиот дрон кој ја премина палестинско-либанската граница и се движел кон либанското село Рамјех“ се наведува во соопштението од Хезболах.

Во соопштението се наведува дека борците на Хезболах ги заплениле остатоците од срушеното беспилотно летало.

Тензиите во односите меѓу Израел и Хезболах ескалираа на 25 август откако близу Бејрут паднаа две израелски беспилотни летала.

Од Хезболах тврдат дека нивните борци ги срушиле тие два дрона и дека ќе го срушат секој нареден кој ќе ја премине либанската граница.