Вкупно 50 војници и три други лица се притворени поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, соопштија денес судски извори, јавува Anadolu Agency (AA).

„Обвинителите во Анкара наложија притвор за 50 активни припадници на жандармеријата и тројца таканаречени „тајни имами“ за периодично, но и сукцесивно комуницирање со други членови на ФЕТО преку телефонски говорници“, се вели во соопштението на главниот јавен обвинител во Анкара.

Во друга операција во централната турска област Коња, Канцеларијата на главниот јавен обвинител издаде налог за приведување на 53 активни војници, поради поврзаност со таканаречените „тајни имами“ на терористичката организација ФЕТО.

ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули, 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.

Терористичката организација ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.